Како да изберете косилка?

За да изберете косилка која е по Ваша мерка и во согласност со Вашите потреби потребно е да ги испитате следните три критериуми.

 

ГОЛЕМИНА НА ТРЕВНИКОТ

Првиот важен критериум во изборот на косилка е токму големината на тревникот кој сакате да го косите. Villager моделите на електрични, акумулаторски и лесни моторни косилки се многу погодни за косење на мали и средно мали тревници со површина до 800 m2. За тревниците со средна и средно голема површина до 1500 m2 препорачуваме некои од моделите со поширок работен зафат (oд 46 cm дo 56 cm) со и без дополнителни функции како што се собирач или сопствен погон. За големите површини со трева дo 5000 m2 препорачуваме некоја од петте тракторски косилки pсо голем број на приклучни алати.

Значи, големината е важна.

 

ЕЛЕКТРИЧНА ИЛИ БЕНЗИНСКА

Вториот критериум е избор на тип на мотор на кој работи косилката. Доколку имате тревник со помала површина без многу пречки за електричниот кабел тогаш некоја од електричните косилки на Villager е вистинскиот избор. Доколку не сакате бучава и кабли, а имате помал тревник, во тој случај акумулаторските косилки се како создадени за Вас. За поголемите и сложени тревници секако препорачуваме некоја од моторните косилки со бензински мотор. Големиот избор на погонските агрегати, ширината на косењето и придружната опрема ќе ги задоволат дури и најпробирливите корисници.

Поентата е во различноста.

 

СОБИРАЊЕ, БОЧНО ИСФРЛАЊЕ ИЛИ МАЛЧИРАЊЕ

Повеќето косилки на Villager опремени се со собирач за трева, а некои и со сет за малчирање и со опција за бочно исфрлање на откосот. Значи многу е важно дали сакате Вашата косилка да го собира откосот, или со посебен малчинг сет од откосот да прави најфини парченца кои после паѓаат назад на тревникот. На овој начин ќе добиете здрав и отпорен тревник. Доколку не е неопходно собирањето на откосот, а теренот на кој се наоѓа тревникот кој го одржувате не е баш најидеален, тогаш некоја од силните и робусни косилки на Villager со опција за бочно исфрлање е како создадена за Вас.

Изборот е на Вас.

Споделете ја објавата
public.blogSidebar
Top