Зошто кога ќе се обидам да ја користам другата функција на уредот, а тоа е сечење под агли, машината не работи. Повторувам дека истата работи кога го сечам материјалот преку горната маса или работната плоча?
За да ја користите на уредот функцијата сечење ( „gera” ), сечења под разни агли морате да ја подигнете работната плоча на уредот така да листот на пилата биде вовлечен, рамен со горната маса така да лицето кое работи со машината нема можност за физички контакт со пилата и да го фиксирате со завртката која се наоѓа од левата страна веднаш под плочата. Подигањето на плочата во горната позиција го активира или деактивира електро прекинувачот за таа функција на уредот, па истиот нема да работи.