Политика за приватност

Ние сме посветени и го почитуваме правото на приватност на нашите купувачи. Оваа политика за приватност објаснува како се собираат, чуваат и користат Вашите лични податоци кога ќе го посетите нашиот сајт.

Нашата примарна задача е да ги заштитиме Вашите лични податоци додека престојувате на нашиот сајт. Со изјавата за заштита на личните податоци сакаме да Ве известиме за тоа кои информации ги собира Villager дoo при Вашата посета на нашиот сајт и како се користат истите.

Вие се согласувате дека при Вашата посета на нашиот сајт на веб адресата www.villager.rs можат да се собираат општи информации кои не се користат како лични податоци (што значи дека тие податоци не се регистрираат). Веб сервисерите кои се користат во таа цел можат да ги собираат следните податоци: име на Вашиот Интернет провајдер, веб страницата од која сте не посетиле, веб страницата од која не посетувате додека сте на нашата страница, Вашата IP адреса и сл. Овие информации се анализираат во анонимна форма и исклучуво се користат поради усовршување на нашиот сајт, во поглед на атрактивноста, содржината и функционалноста.

Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност пред да почнете со користење на нашиот сајт, затоа што одредбите од оваа политика за приватност ќе се применуваат на Вашето користење на нашиот сајт. Ви препорачуваме да ја испечатите и задржите копијата од оваа политика за приватност за идна употреба.

Со пристапот, пребарувањето и користењето на нашиот сајт, потврдувате дека ја прифаќате оваа Политика за приватност и дека се согласувате со условите од истата. Доколку не сакате Вашите податоци да се користат како што е наведено во оваа Политика за приватност, не би требало да го користите нашиот сајт.

Вашето користење на нашиот сајт, вклучувајќи какво било Ваше прашање, регулирано е со комплетните услови на нашето работење, како и со условите на користењето на сајтот, а кои се наведени на сајтот. Ве молиме да најдете време и внимателно да ги прочитате истите, затоа што содржат важни услови и одредби кои се однесуваат на Вас.

Кои сме ние?

За потребите на Законот за заштита на лични податоци, Вашите лични податоци ги собира и обработува компанијата Villager дoo.

Кои информации ги собираме?

Кога ќе го посетите нашиот сајт се согласувате дека ние можеме да собереме:
информации како што се Вашата IP aдреса, тип и верзија на Вашиот браузер (browser) и други анонимни информации кои ги собираме при Вашето користење и преглед на нашиот сајт, како би ни помогнало тоа да го подобриме нашиот сајт и услугите кои Ви ги обезбедуваме.

Вашите лични податоци како што се име и презиме, адреса и број на телефон, е-пошта адреса, кога сте се регистрирале на сајтот или кога сте ни испратиле барање.

Првиот пат кога ќе се регистрирате на сајтот (дури и ако не сте се регистрирале пред тоа) ние ќе знаеме кој сте Вие и ќе бидеме во можност да ги поврземе информациите кои ги собираме за Вашите активности (преку Интернет, телефон, компјутер, таблет и сл.) со Вас.

Личните податоци се собираат само ако ни се доставени при регистрација, пополнување на формулари или преку испраќање на е-пошти, како и при испраќање на други прашања или барања. Овие податоци се собираат во смисла на член 12 став 1 точка 3 во врска со член 14 став 2 точка 3 од Законот за заштита на лични податоци на Република Србија. Собраните лични податоци се водат и достапни се по лична, предметна или друга основа, во рамките на збирката податоци, а за нив е одговорен операторот со податоците. Начинот на користење на базата со податоци и Вашите информации собрани на опишаниот начин е таков да истите остануваат кај компанијата Villager дoo.

Во таа смисла, со регистрација на нашиот прв портал, Вие како купувач-корисник, давате согласност Villager доо да ги собира и обработува следните податоци (во понатамошниот текст: обработка на податоци): Ваши (на корисникот) лични податоци наведени во регистрациска форма и податоци за Вашите (кориснички) барања.

Спомнатата согласност за обработка на податоци се дава со цел запознавање на Villager дoo со Вашите навики за купување, во информативни цели, како и за нашите други потреби во врска со работењето.

Вие како посетител можете да се запознаете со правото во секој момент да можете во целост да ја повлечете оваа изјава за согласност. Со повлекувањето на изјавата за согласност во целост ќе престане обработката на Вашите податоци како и регистрацијата кај нас.

Вие како посетител сте запознаени со правото во секој момент да можете и делумно да ја повлечете оваа изјава за согласност за обработка на податоци.

Како што наведовме, посетителот има право во секое време да ја отповика писмено согласноста за обработка на лични податоци. За таа цел доволно е да испратите е-пошта на нашата контакт е-пошта адреса info@villager.si

Што правиме со информациите кои ги собираме?

Главна причина поради која ги користиме таквите информации (Ваши лични податоци) е да Ви обезбедиме одличен производ и услуги, како и да Ве известиме за квалитетот на нашите производи и услуги, односно да Ви дадеме можност да бидете известени за сите дополнителни информации во врска со компанијата Agromarket дoo.

Taквите информации исто така ги користиме:
- зa oдговарање на Вашите прашања;
- за развивање и подобрување на нашите производи и услуги;
- за статистика, истражување на пазарот, испитување и цел на истражувањата поради управување со нашиот сајт и за нашите внатрешни работи;
- за подобрување на нашиот сајт, како и да обезбедиме содржината која е претставена на сајтот да биде на најефикасен начин применлив за Вас и за Вашиот компјутер, телефон, таблет и сл.;
- да Ве известиме за промените на нашиот сајт или за промените на нашите услуги;
- за мерење и проценување на ефикасноста од огласувањето на нашите производи;
- да Ви дадеме информации за производите или услугите за кои мислиме дека можат да Ве интересираат.

Се согласувате дека можеме да ги задржиме копиите од која било коресподенција која ќе ни ја испратите и ние ќе ги задржиме и чуваме податоците за Вашата регистрација. Кои било податоци за личност кои ќе ни ги испратите и кои било информации од кои можеме да Ве идентификуваме, ние ги задржуваме и поседуваме во согласност со  Законот за заштита на личните податоци.

Со кого ги споделуваме овие информации?

Вашите лични податоци на ниту еден начин нема да им ги проследуваме на трети лица ниту пак на лица кои постапуваат по нашите инструкции, односно ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци само со нашите поврзани компании и избрани трети лица кои вршат услуги за нас (како што е на пр. агенцијата која се занимава со директен маркетинг), кои наведените податоци ќе ги користат само за обезбедување на услугите кои ние ги бараме. Компаниите кои ги ангажираме во нашето работење по која било основа, можат да ги користат Вашите лични податоци строго во согласност со нашите упатства и во други цели не можат да се користат, со исклучок во некои случаи, но само врз основа на закон, или по барање на некој државен орган.

Ние, исто така, од сите лица со кои соработуваме бараме Вашите лични податоци да ги третираат како доверливи и во согласност со сите Важечки прописи на Република Србија кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

Каде ги чуваме Вашите лични податоци?

Податоците кои ги собираме од Вас можат да се пренесат или чуваат од страна на избрани трети лица. Со внесувањето на Вашите лични податоци, се согласувате со таквото пренесување, чување и обработка на податоците. Ние ќе ги преземеме сите разумни чекори за да се обезбеди Вашите податоци да се третираат како доверливи и во согласност со оваа политика за приватност.

Вашите лични податоци ќе ги чуваме толку време колку што трае давањето на услугата која сте ја побарале или за која сте ни дале одобрение, под услов тоа да не е во спротивност со позитивните прописи за заштита на личните податоци.

Компанијата Villager дoo, oдносно операторот со податоците и лицето кое ги обработува податоците, презема технички, кадровски и организациски мерки за безбедност за да се заштитат информациите кои сте ги направиле достапни од ненамерна или намерна злоупотреба, загуба, уништување, промена или пристап до истите од страна на неовластени лица. Во случај на собирање и обработка на лични податоци, информациите ќе бидат проследувани во кодирана форма за да се спречи нивната злоупотреба од страна на трети лица. Нашите мерки за безбедност на податоците постојано се проверуваат во согласност со техничките достигнувања.

За жал, преносот на информации преку Интернет не е целосно безбеден. Иако ќе се потрудиме во секој случај да ги заштитиме Вашите лични податоци, не можеме да гарантираме за безбедноста односно за безбедното пренесување на кој било податок кој е пренесен на нашиот сајт или од нашиот сајт и секој пренос на податоци е на Ваш сопствен ризик.

Фишинг (кражба на податоци)

Фишинг е поим кој означува обид некој да украде лични податоци на корисникот или податоци за неговата сметка. „Фишерите“ користат лажни електронски пораки кои го водат корисникот до фалсификуваните сајтови каде корисникот, врз основа на таквата измама, ги внесува своите лични податоци, како што се броеви на кредитни картички, кориснички имиња и лозинки, а со изгледот на сајтот создаваат забуна дека е корисникот на посакуваниот сајт.

Доколку примите таква порака или некој ја бара Вашата лозинка тврдејќи дека работи за нас, Ве молиме да ја пријавите таквата ситуација преку нашата контакт форма на сајтот или директно на адреса на компанијата info@villager.si

Како да извршите увид или да добиете копија од податоците кои сме ги собрале?

Вие, како корисник имате право да барате од операторот со податоците вистинито и целосно да Ве извести за обработка на личните податоци, да извршите увид во собраните податоци кои се однесуваат на Вас, да ги копирате во согласност со Законот за заштита на лични податоци и придружните прописи. Операторот со податоците е должен Вашето барање за известување и увид да го реши без одложување, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Исто така, имате право да ги проверите, поправите, дополните, ажурирате или избришете податоците кои во врска со Вас ги чува операторот со податоци, а кои според Вас се застарени или неточни. Во таа цел доволно е измените да ги испратите на нашата контакт е-пошта адреса или на лицето задолжено за обработка на податоците нa е-пошта адреса: info@villager.si

Поврзување со други сајтови

Moже да се случи да се поврзете со други сајтови кои не се под наша контрола и на кои ние немаме никакво влијание. По напуштањето на нашиот сајт, согласни сте дека ние не можеме да бидеме одговорни за заштита, приватност, доверливост и сл. За која било информација или податок кои сте ги примиле од таквите сајтови.

Промени во нашата Политика за приватност

Секое усогласување или промена кои ќе ги внесеме во оваа Политика за приватност ќе бидат објавени на нашиот сајт, се препорачува од време на време, истите да ги проверите.

Се согласувате дека ние го задржуваме правото во секој момент да вршиме адекватни измени, исто така и во случај на промени на позитивните прописи.

Доколу имате проблем, прашање или идеја, Ве молиме да нѝ се обратите со предлог. Поради континуираниот развој на Интернетот неопходно е повремено да ја прилагодуваме Изјавата за заштита на лични податоци.

Како да не контактирате?

Доколку имате какви било прашања за нашата Политика за приватност, контактирајте не на следнава адреса Villager д.o.o., Кајухова улица 32P, Љубљана Мосте, Словенија, или на нашата е-пошта адреса за контакт: info@villager.si

Top